Во Скопје денеска е приведен криминалец кој бил баран со потерница за затворска казна од две години, соопшти МВР.
– Во Скопје денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години – соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека согласно членот 236 ст.1 од Кривичниот законик, С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.