Во Кавадарци утрово во четири часот на улица „Дисанска“ полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко.
При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
– А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“- соопшти МВР.