Како што соопшти МВР, во с. Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Д.(43) од с. Ново Село, тетовско во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 07 март на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стенковец.
Според полицијата, Б.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка во Кривичен суд и одредена му е мерка 30 дневен притвор. Тој е спроведен во Казнено поправната установа Скопје.
Тешка сообраќајка кај Стенковец: Еден загинат, се бара притвор за осомничен возач на „мерцедес“