Фото: Илустрација/ Пекселс

Основното јавно обвинителство Гевгелија донело Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и му е одреден 30-дневен притвор.

– Осомничениот жител на Радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа – информира државното Јавно обвинителство.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, наведува ЈОРСМ,  јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

– Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена – соопшти Обинителството.