Фото: Архива

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е однесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот – потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.

 – Денеска, околу 10.55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат – изјавија од Градската болница.

Не се познати околностите на настанот и причината за пукањето, додека надлежните органи започнаа истрага. Според неофицијални информации застреланиот е Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Македонија.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето.

Убиениот бил застрелан во возило „киа“ во движење.

Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека случајот е пријавен во полицијата околу 10.15 часот, а се случил на влезот во селото Батинци, каде едно лице пукало во друго лице.