Во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.
Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.
Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.