Фото: „Нова Македонија“

Прилепското Основно јавно обвинителство побара притвор до 30 дена за осомничениот кој вчера околу 14 часот вооружен влезе во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи, пукал и ранил социјална работничка.

-Пред судија пуштен е предлогот за притвор до 30 дена поради основан страв дека осомничениот ќе се даде во бегство и ќе влијае на сведоците, како и поради опасност од повторување на делото- истакна основниот јавен обвинител, Стевчо Биноски.

Денесена е и наредба за спроведување истражна постапка за две кривични дела.

Биноски нагласи дека се бара истражна постапка за кривично дело обид за убиство од член 123, став 2 во врска со член 19 од КЗ како и за кривично дело неовластено држење оружје од член 396, став 3 во врска со став 1. Во моментов се одлучува пред судија.