Фото: МВР/илустрација

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава.

Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавуваат во текот на денот.