Полициски службеници од СВР Велес вчера во 20:40 часот ги лишиле од слобода С.К.(46) и М.Т. (44), двајцата од Велес.
Како што соопшти МВР, тие биле забележани од полициски службеници во моментот кога М.Т. му продавал пакување со прашкаста материја на С.К.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, пакување со грутчеста материја, три куршуми калибар 9 мм, една дигитална вага и пари.
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.