Фото: Пиксабеј/IИлустрација

Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Три противпожарни екипи и шестина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа.

Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна.

На просторот на поранешната касарна во Куманово површина сместени се две училишта, во моменов тече изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, а лоцирани се и подрачни единици на државни институции.

Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во село Доброшане, како и на запалена сува трева во селата Табановце и Косматац.