Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.
Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.