Фото: Архива на „Нова Македонија“

Во СВР Велес вчера во 10:45 часот било  пријавено дека  настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, Општина Градско. Во пожарот  угинале шест животни, а причинета била и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес – информираат денеска од СВР Велес.

Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

Како што денеска информираат денеска од Територијалната противпожана единица Велес вчера во 10:37  била примена дојава за запалена хала во свињарска фарма „ АГРИА“ во Горно Чичево

Територијална Противпожарна единица  Велес излегла на лице место со две противпожарни  возило и пет пожарникари. По пристигнување на лице место од нивна  страна пожарот бил затекнат во развиена фаза во кровната конструкција. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот бил  ликвидиран и спречен да се прошири кон другите хали.

Во интервенцијата нема повредени, причинета е материјална штета, информираат денеска  од ТППЕ Велес.