Фото: Игор Бансколиев

Дел од магацините на во кругот на поранешната фабрика „Треска“ горел при избувнување на нов пожар утринава, по што противпожарната служба интервенирала со две возила, објавија повеќе медиуми.

Дежурен тим во следните неколку дена ќе го надгледува местото со цел да се спречи избивањето на нов пожар.

Во вчерашниот пожар кај „Треска“ беа зафатени пластични материјали, дрва, грмушки и отпад што предизвика ширење на густ црн чад во Центар.

Во гаснењето на огнот интервенираа 55 пожарникари со десетина возила. При пожарот нема повредени.