Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.
Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје во соседна Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 4.01 часот, со локална Рихтерова магнитуда МЛ 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.