Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот, соопштија од партијата.
-Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа – се наведува во соопштението.