Фото: Принтскрин

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар.

Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.