Фото: Пиксабеј

Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР- потврдија од МВР.

Според се уште неофицијалните информации, како што објавија дел од медиумите, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.