Јавната установа за згрижување деца ноќеска пријавила дека ги нема двајцата штитеници А.Х. (12) и К.П. (17). Тие и претходно се оддалечувале од установата, но биле враќани назад.
Случајот е пријавен околу 00:25 часот во Полициската станица Карпош.
Како што информира МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.