– Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода 48 годишната Т.Ј.С. од Неготино, наставничка во училиште во градот, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на наставата.
Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава – појаснија од СВР Велес.