Кривична пријава е поднесена против 63 – годишниот раководител на Одделението за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше кој побарал поткуп од 13.000 евра.
Како што соопшти МВР, од страна на Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од Кривичниот законик
– Пријавениот, раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко – технички обработен- наведуваат од МВР.
Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил притвор во траење од 30 дена.