Фото: Пиксабеј
Две новороденчиња, близначиња, стари 15 дена починале вчера. Едното дома во село Славеј, а другото во болница.
Дежурниот јавен обвинител од ОЈО Прилеп, Стевчо Биноски, изјави дека денес ќе се врши обдукција врз телата на починатите новороденчиња за да се утврди причината за смртта.
Според првичните информации родителите на новороденчињата викнале брза помош која на лице место констатирала смрт кај едното новороденче, а другото во многу тешка состојба било однесено во болница, каде што починало, по што била известена полицијата и обвинителството, при што е започната истрага.
Родителите на новороденчињата, живееле во екстремно тешки услови за живот и претходно имале три малолетни деца.
Од Центарот за социјални работи велат дека откако биле инфирмирани ги презеле законските мерки. Родителите земале родителски додаток за трето дете.
Истрагата за случајот е во тек.
Ка.М.