Фото: Бади Бекир/Фејсбук

Денеска во Скопје по кусо боледување почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир.

Таа снимаше народни песни ма македонски, турски и албански јазик.

Од 2002 година, Бекир со уште неколку колеги одржа концерти низ Австралија и стана членка на фолк групата „Четирите грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Благица Павловска и Андријана Алачки.

Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“ од 12:15 часот.