Фото: РФМ/Фејсбук

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека починал Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.

Тој беше селектор на ракометната репрезентација на Македонија во 2009 година.

– Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски. Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела) – информираа од РФМ.