Како што велат оттаму, според доказите прибрани по наредба на јавен обвинител во предистрагата, на 12 јули годинава, осомничените активирале и фрлиле бомба М-75 кон куќа на улицата “Охридска”.
– Притоа, беа оштетени седум паркирани возила и беше предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето во централното градско подрачје. Двајца осомничени со моторцикл, директно учествувале во подметнувањето на експлозивната направа, додека другите двајца имале други соизвршителски дејствија со кои го овозможиле и придонеле кон извршување на кривичното дело. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола предложи да биде определена мерка притвор за четворицата осомничени, од кои еден е недостапен на органите на прогонот во овој момент – велат од ОЈО.