Скопје – Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишен скопјанец откако управувал возило под силно дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.Л. (46) од Скопје, кој на 26 март околу 15:35 часот на улицата „Бранислав Нушиќ“, управувајќи патничко возило „шевролет авео“, удрил во две паркирани возила – „хонда“ и „опел астра“, и двете со скопски регистарски ознаки.
По преземени мерки, кај него било извршено алкотестирање при што било утврдено дека имал дури 4,01 промили алкохол во крвта.
– Возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото му е одземено – информираат од МВР.
По насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“, по целосно документирање на случајот.



































