Пет апсења имало во текот на вчерашниот ден и ноќеска, од кои две се во Скопје, другите во Тетово и Гостивар. Три се поради пронајдена прашкаста материја, за која полицијата се сомневала дека е дрога, а тетовскиот случај е поради марихуана.
„Во 23.00 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници бил лишен од слобода А.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Ноќеска во 02.15 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници бил лишен од слобода В.М.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја“, велат од МВР.
Во Тетово во еден претрес се уапсени две лица.
„Вчера во 21.05 часот во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода А.М.(42) и А.Ф.(32) двајцата од с.Теарце, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Во 21.30 часот во Гостивар, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар бил лишен од слобода М.М.(27) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.