Седумдесет и осумгодишен пациент паднал од висина во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров и починал.
Како што објави МВР, несреќата се случила вчера напладне.
-Вчера во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт – велат од МВР.
Засега нема информации како паднал човекот и oд кој кат.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.