Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на покрив од неговата куќа и оштетил неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на мултинационална вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино – појасни Самарџиев.
Тој нагласи дека предметот бил вратен на лицето, а штетата на покривот ќе биде надоместена.