Фото: Пиксабеј

Итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство била изречена од судот, соопштија Министерството за внатрешни работи.

– Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22:30 часот во градот, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, упатувал закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син – информираа од МВР.

Од страна на Судот, изготвено било решение со што на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.