Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2.000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп.
– Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае – рече Трипуновски.
Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.
– Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец – рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.