Седум илегални мигранти од Сирија, од кои тројца малолетни, открила денеска полицијата во патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рентакар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Турција.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го сопреле возилото во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, во 12:30 часот. Притоа во возилото биле откриени седумтемина мигранти, а И.А. бил лишен од слобода. МВР информира дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така денеска, во 12:10 часот, на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рентакар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни.
– С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопшти Министерството за внатрешни работи.