Илустрација / Фото: Маја Јаневска - Илиева

Малолетник на осум годишна возраст од скопската населба Пинтија синоќа почина по напад на куче од расата Блу Мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик и било нападнато.

По нападот со тешки телесни повреди веднаш било префрлено во клиничката болница каде што им подлегнало на повредите.

Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.

Информацијата за немилиот настан ја потврдуваат и од МВР.

Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18.25 часот од болницата „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.