Фото: Пиксабеј

Oсновниот суд Куманово денеска издаде наредба за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија за обвинетата Вангелица Илијевска, која минатата година ги уби својот сопруг и свекор во семејната куќа во Кратово. Одлуката беше донесена по барање на oбвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни квалификации произлезени од претходното вештачење подготвено на барањето на одбраната на Илијевска.

Обвинителот Газменд Мехмеди, денеска побара од судот дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија заради „отстранување на пропустите на вештачењето кое претходно го дадоа психијатри и невропсихијатри на барање на одбраната на Илијевска“, подготвено и презентирано пред судот во јули годинава, како и вештачењето на барање на обвинителството.

Одбраната, адвокатот Кристијан Георгиевски рече дека и во двете вештачење предложени и од обвинителството и од одбраната, психијатрите укажале дека поради конфликт на осомничената и жртвите и чувството на загрозеност на физичкиот интегритет довело до афективна ерупција кај Илиевска. Таа била доведена во состојба на силна раздразнетост и презела реакција на спасување на животот.

Судијата кажа дека иако, противречности под кои околности се извршени делата, дополнителното супервештачење ќе обезбеди сигурност и ќе ги отстрани евентуалните различни правни квалификации, и ќе ги превенира можните пропусти од претходните вештачења.

Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На првото рочиште Илијевска, кажа дека дејствувала во нужна одбрана.

Јавниот обвинител во воведниот говор кажа на 13 јуни лани Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на семејно насилство физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.

Наредното рочиште е закажано за февруари идната година.