ФОТО:Пискабеј/илустрација

Во општина Ѓорче Петров било опожарено едно патничко моторно возило „мерцедес а“ со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Случајот утрово, во 3:05 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Во денешниот МВР-билтен се наведува дека од пожарот биле зафатени и патничко моторно возило „хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Опожареното возило, како што објавија дел од медиумите, е на Драган Митковски, кој на последните парламентарни избори беше носител на листа од партијата на скопската градоначалничка Арсовска, Нова алтернатива.

Митковски, во телефонски разговор за Сител, изјави дека очекува институциите да откријат што го предизвикало пожарот, но не ја отфрла можноста да бил и немерно подметнат.