фото: Пиксабеј / Илустрација

Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, нема повредени лица увид извршила кумановската полиција.

– Вчера во 10:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во куќа сопственост на седумдесет и шестгодишниот Х.Т. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Повредени лица нема – соопшти СВР Куманово, чија екипа извршила увид.

Од ТППЕ Старо Нагоричане, информираа дека интервенирале со едно возило и пожарникари.