Основното јавно обвинителство Куманово ја добило целокупната документација од спроведениот надзор за случајот со смртта на 32 годишниот кумановец во кумановската болница, информираа денеска од обвинителството. Обвинителството го чека наодот од обдукцискиот протокол.
-За починатиот пациент, ја добивме целокупната документација од извршениот надзор од комисијата од Министерството за здравство и од кај матичниот лекар. Ние веќе имаме формиран предмет, постапуваме и во контакт сме со истражителите коишто работат на предметот. Моментално го чекаме обдукцискиот протокол – изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.
32-годишниот кумановец Ведат Адеми, ненадејно почина на 17 март во општа болница Куманово, откако примил терапија за која семејството вели дека бил алергичен.