Основното јавно обвинителство – Битола поведе истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради кражба во куќа на улица „Елпида Караманди“ во Битола.
Како што информираат од Обвинителство, на 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол на спрат од куќа и одзел 2.500 денари, при што бил затекнат од сопственикот на куќата, на кој, додаваат, осомничениот му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
– На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел – се наведува во соопштението.
Поведената истражна постапка против осомничениот е за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, веќе доставил предлог за определување мерка притвор.




































