Битолската полиција го расветли грабежот кој во саботата го изврши С.В (42) од Битола, откако инспекторите во Одделението за криминалистичка полиција при СВР
Битола денеска го привеле осомничениот на службен разговор. Тој се сомничи дека со употреба на сила одзел пари од Ц.Б. (81), на улица „Филип Втори Македонски” во Битола.
По службениот распит во СВР Битола, С.В. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик. М.М.