Фото: Пиксабеј

Во акцијата што беше спроведена вчера во Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи биле извршени претреси на 16 локации и запленета е обемна документација и мобилни телефони.

Како што информираа денеска од МВР, активностите биле преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка, а се однесува на злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.

Мобилните телефони и документацијата ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а како што информираше МВР, извршени биле и службени разговори со повеќе лица.