Фото: Архива/Илустрација

По пронаоѓањето на телото на 42-годишен жител на Тетово надлежните институции отворија истрага за утврдување на околностите околу случајот.

-Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува – информираат од Основното јавно обвинителство.