Фото: „Нова Македонија“

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас.

Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

– ОЈО Скопје ќе преземе проверки со цел да утврди дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело за кое се постапува по службена должност – велат од ОЈО.