Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки.
Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“.
Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.