Тим од специјалните сили на МВР со нуркачи, чамци и специјална опрема моментно врши потрага по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ и низводно по лицето коешто се фрлило во водите на Вардар, според последните информации за текот на потрагата од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од дежурниот ситуационен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје, при што е договорено ако лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови (најверојатно два тима) со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито. Инаку, во вакви случаи е информирана и е во тек со настанот и Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје што се вклучува за асистенција при вакви случаи ако се побара помош и од неа, односно ако биде анимирана како потребна на терен од страна на веќе ангажираните тимови за потрага.