Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Неофицијално пожарот во автобусот ЛАЗ од украинско производство е предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.
Противпожарната бригада на град Скопје со едно возило интервенираше и веднаш го изгасна пожарот на запалениот автобус на ЈСП Скопје на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во близина на старата општина Бутел.