На границата помеѓу Србија и Хрватска се случил инцидент кога неколку лица се обиделе да го преминат граничниот премин Батина, пишуваат хрватските медиуми.
– Уапсени се неколку лица. Истрагата е во тек. Се обиделе да влезат или да излезат од Република Хрватска преку граничниот премин и тоа е спречено – истакна еден од портпаролите на полицијата, Зоран Кон.
Според информациите, при обидот за илегално преминување на границата биле испукани и неколку куршуми.