Неготинец пријавил дека синот му бил физички малтретиран од друг малолетник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираа оттаму, вчера во 11:30 часот во ОВР Неготино,
Т.М. (36) од Неготино, пријавил дека неговиот малолетен син, во училиштето во кое учи и надвор од него, подолг период бил физички и психички малтретиран од друг малолетник.
Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и се преземале мерки за расчистување на настанот.