Непознати сторители упаднале и беснееле на стадионот во Чаир. Епилогот е скршени столчиња на трибините, врати и инвентар во соблекувалните, а бил запален и оган.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера на пладне, а се случил во текот на ноќта.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат меркин и активности за расчистување на случајот.