Фото: МВР

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник. Еден возач управувал и покрај изречена забрана, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице возело со брзина над дозволената.

Случаите се регистрирани во повеќе градови, меѓу кои Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Дебар и други.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.