Фото: Пиксабеј

Поднесена е пријава за лицето од Крива Паланка кое влечеше куче со возило, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14:45 часот во ОВР – Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М., на возраст од 59 години, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел. По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава – појаснуваат од МВР.

Фотографии споделувани на социјалните мрежи предизвикаа реакции во јавноста и беа упатени повици за построги санкции за вакви и слични дела.