Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од Дубаи во Македонија е екстрадиран Флорим Лимани (33), кој бил баран со меѓународна потерница.
– Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик – соопштија од МВР.
Од Министерството посочуваат дека станува збор за прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое Македонија го барала со меѓународна потерница.
Надлежните институции ќе продолжат со понатамошни постапки согласно законските процедури.

































